среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 0

(ФОТО) Беше една од највпечатливите пејачки на домашната естрада, замина во Америка, а сега стана и директорка во Лас Вегас!

Пред повеќе од шест години нашата поп-пејачка замина во Флорида на магистерски студии по соло пеење, а нејзините амбиции на американско тло не завршија и откако ја исполни својата цел.

Убавата и атрактивна пејачка по потекло од Прилеп, срасна во далечната земја и покажа дека нејзините амбиции во музичката кариера се доста силни.

Тоа го потврдува и фактот што се пријави на најпознатите музички шоуа во Америка како: „The Voice“ и „America’s Got Talent“, го усоврши оперското пеење, стана асистент, потоа и учителка, за сега да стане и музички директор во нижо и средно музичко училиште во Лас Вегас.

Убавата вест за унапредувањето ја објави на својот Фејсбук, а пак пријателите и порачаа дека е гордост македонска.

Инаку, Оливера и покрај бројните обврски не ја потиснува носталгијата кон родниот крај и секоја година се враќа кај своите најблиски во родното Прилеп.

#Коментари
[fbcomments]