понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 66

Вардар поразен од Бергишер

Ракометарите на Вардар ја одиграа првата од трите контролни средби во Германија. Европскиот ракометен првак загуби од екипата која испадна од Бундеслигата, поранешниот клуб на Ацо Јоновски, Бергишер со 27-25 (17-14).Овој пораз за екипата на Раул е прв по 2 април, кога вардарци загубија од Металург во македонскиот ракометен шамоионат.

Тренерот Раул Гонзалез на средбата им даде шанса да играат на сите 20 ракометари, а во второто полувреме повеќе време на голот помина Даниел Ѓорѓески. Тимур Дибиров постигна 8 гола, Вуко Борозан беше автор на 5, а Игор Карачиќ додаде 3 гола. Следниот дуел Вардар ќе го игра со актуелниот германски ракометен шампиопн Рајн Некар Левен.

извор:рсм

#Коментари