понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 66

Олимпијакос го доведе Холис Томпсон

Европскиот кошаркарскиот вицешампион Олимпијакос доведе големо засилување во обидот да ја врати титулата во грчкиот шампионат.

26-годишниот Холис Томпсон, кој е одличен шутер за три поени се договори со „црвено-белите“ од Пиреја и за првпат се сели во Европа, потпишувајќи двегодишен договор со Олимпијакос.

Томпсон настапуваше за Филаделфија во НБА лигата, но немаше доволно голема минутажа, па се одлучи за нов предизвик во Европа.

извор:рсм

#Коментари