понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 66

Тотенхем го купи Санчез

Тотенхем е единствена екипа од врвот која во летниот преоден рок не донесе ниту едно засилување, но англиските медиуми пренесуваат дека тоа ќе се промени во наредните денови.

„Спарси“ го договориле трансферот на 21-годишниот дефанзивец на Ајакс и колумбиски репрезентативец, Давинсон Санчез.

Колумбиецот минатата сезона блесна во дресот на Ајакс и го привлече вниманието на многу европски гиганти.Како што пренесуваат медиумите на Островот, Тотенхем за неговиот потпис ќе плати 35 милиони евра, а трансферот треба да биде комплетиран во наредните денови.

извор:рсм

#Коментари