понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 66

Елон Маск: На сервис по поминати 1.600.000 km

Една од предностите на електричните автомобили за кои помалку се зборува се многу пониските трошоци за одржување и поретки услуги на сервис

Првиот човек на Tesla, Елон Маск, е убеден дека новите сопственици на Model 3 ретко ќе имаат потреба од сервис за својот автомобил.

Тој, на крајот од јули на промоцијата на електричниот автомобил во фабриката во Fremont, за изданието Car Advice изјавил дека „новата генерација на електромотори (кои се вградуваат во Model 3) е конструирана така што на автомобилот може да помине и 1.600.000 километри помеѓу две посети на сервис“.

Клиентите, сепак, во меѓувреме, ќе треба да посетуваат сервис за замена на некои потрошни делови, како што се кочниците и гумите, чиј животен век е многу пократок.

Во Tesla се убедени во квалитетот на погонскиот систем и батериите, па така гаранцијата за новиот Model 3 е 4 години, а на батеријата е 8 години. Маск вели дека целта е да се добие што поголем број сервисни интервенции на возилото да се вршат во домот на сопственикот, далечински со помош на софтверски ажурирања.

Колку за потсетување, основен модел ќе чини 35.000 долари (без субвенции) и има автономија од 354 километри. Автомобилот од 0 до 96 km/h забрзува з 5,6 секунди, додека максималната брзина е 209 km/h.

извор:додајгас.мк

#Коментари