понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 67

Избегнувајте ги ваквите мажи – поштедете се од болка!

Без разлика на тоа колку сте убави, остроумни и мудри, може да ви се случи да се впуштите во врска со човек што буквално може да ве уништи, да ве скрши како личност, да ве обезличи.

Не за џабе е кажано – Љубовта е слепа!

Во почетокот кога сте во фаза на вљубување најчесто не ги гледате реално работите. И кога емоциите ќе се смират, а на површина ќе испливаат реалните карактеристики на партнерот, дури тогаш ви се разјаснува се. Добро размислете дали е тоа човекот со кој сакате да го делите својот живот и дали сте во состојба да издржите такво малтретирање. Еве неколку карактеристики на ваквите мажи:

Ќе направи се да ве држи подалеку од сите ваши пријатели, па дури и вашето семејство. Она што треба да го знаете е дека вие морате да имате нормален социјален живот и да се дружите со луѓе, а ако тој ве спречува во тоа, стојте подалеку од него.

Вербално ве малтретира – ако ве нарекува со погрдни имиња, дури и во шала, тоа е сосема јасно – сака да ве повреди! Емотивните злосторници ваквите постапки ги оправдуваат со пренесување на вина врз вас за на крај да испадне дека вие сте проблемот. Не дозволувајте никој така да се однесува со вас. Ни едно живо суштество не заслужува таков третман, освен оние што сами ќе го дозволат тоа.

Покрај него секогаш има и доза страв. Тоа е дефинитивно знак дека нешто не е во ред. Емотивните злосторници имаат способност да ја наметнат нивната доминација со помош на вакви моќни тактики се додека сосема не ве уништат.

Некои луѓе, Бог знае зошто се убедени дека треба да се третирани како кралеви и покрај себе секогаш сакаат да имаат по некој верен слуга, од кого очекуваат да прави се што ќе посакаат. Ако имате ваква ситуација, ставете го прстот на чело и добро размислете дали заслужувате ваков третман.

извор:боза.мк

#Коментари