среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 0

Здравството во хаос, министерот Таравари на плажа (ФОТО)

Додека Македонија е во портокалова фаза заради екстремно високите температури и ја тресаат афери со криминални кадровски решенија во здравството, министерот Арбен Таравари ужива на некоја плажа.

Во својот двомесечен мандат две недели беше во САД, а сега е на одмор,  оставајќи го зад себе  здравството во кое предизвика вистински масакар.

Таравари на својот фејсбук профил објавил слика како ужива на некоја плажа, а во Република Македонија секојдневно се објавуваат скандалозни именување на директори на клиники кои се лица осомнчени за земање мито, осудени криминалци и низа други скандали.

Таравари се слика по плажи додека лекарите чекаат 100.000 денари плата, а жените во Шуто Оризари  во 21  век гинеколог.

извор:курир

#Коментари