понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Се сеќавате на Тајчи: Некогаш ја сакаше цела Југославија, а денес преживува вистинска ДРАМА

Татјана Матејаш Камерон, попозната како Тајчи, беше голема ѕвезда во поранешна Југославија. Се прослави со хитот „Хајде да лудујемо“, а песната ја изведе на Евровизија 1990 година, кога се позиционираше на седмото место.

Кога започна војната во Хрватска, Тајчи одлучи да оди на студии во САД, каде продолжи со музичко и сценско усовршување, појавувајќи се повремено во мјузикли во Лос Анџелес. Таму го запознава пијанистот и композитор Матју камерон за кого се мажи во 2000 година. Денес се занимава со пеење на духовна музика и настапо во католички цркви.

Со сопругот и трите сина живее во Охајо. До пред неколку години, Тајчи живееше во хармоничен брак, а потоа болеста го наруши нејзиниот спокој. Сопругот Метју веќе некое време води битка за животот.

Имено, нему му е дијагностициран рак на белите дробови, а неодамна јавно им се обрати на пријателите дека напредува во лечењето , но лекарите му предвидуваат дека ќе живее уште само една година.

#Коментари
[fbcomments]