понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

(ФОТО) За спомен со мама и тато: Симона Попоска ги покажа родителите, еве на кого личи тазе невестата!

Поп-пејачката Симона Попоска деновиве и официјално стави свршенички прстен на раката и му ја вети својата љубов на саканиот Кристијан.

Овој голем и значаен ден од својот живот, Симона го откри и пред своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи, а од приложеното може да се види дека двете семејства на вљубените гулапчиња се потрудиле да организираат луксузна свршувачка со холивудски гламур.

Убавите спомени секако ги документираа со прекрасни фотографии, а тазе невестата полна емоции се прилепи до мама и тато, кои за овој специјален ден изгледаа беспрекорно.

Инаку, свршувачката се случи покрај Охридското езеро, во родниот град на пејачката, а на кого повеќе личи, пресудете самите.

#Коментари
[fbcomments]