понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Ексклузивна исповед на Аца Лукас: Во животот направив грешка само со една жена!

„Соња и јас се сложивме дека нема помирување, никој од нас не е лут едниот на другиот. Јас патам секако, а дали и таа, тоа не знам да ви кажам“, вели Аца Лукас во интервју за српски Блиц за кое вели дека му е последното во кое говори за својата приватност.

Меѓу другото, тој вели дека се уште разводот со Соња не е официјален, но и за тоа дека направил голема животна грешка со Бранислава, девојката со која беше јавно веднаш по разделбата со Соња.

-Направив животна грешка со тоа што бев со таа девојка, со Бранислава. Секој човек понекогаш е слаб. Можеби поради бес, суета, малку од се… влијаеше да направам таква глупост. Не затоа што ја уништив можноста да се смирам со Соња. Не, и тогаш знаев дека од тој брак не остана ништо. Но, тоа со Бранислава е грешка која никогаш нема да си ја простам, не поради некој друг, туку поради себе.

Зошто?

-Затоа што тоа го направив јавно. Веројатно човек понекогаш не мисли како што треба, ништо не беше намерно. Не велам дека не ми се допаѓала во тој момент, но не би ми се допаднала во други околности. Се однесував како дете, завршува Аца.

#Коментари
[fbcomments]