понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

(ФОТО) Моќна двојка: Тамара Тодевска ја има најжешката лична асистентка!

Да се има успешна кариера, а истовремено да се биде мајка, ни малку не е лесно. За нашата популарна пејачка Тамара Тодевска тоа е и повеќе од јасно, па за успешно да жонглира како приватно така и работано, Тамара реши да ангажира и лична асистентка.

Деновиве Тамара пееше на „Joy Fest“, во Крива Паланка, а заедно со себе имаше и згодна асистентка која ја претстави и пред своите следбеници на Инстаграм.

-Ја имам најжешката лична асистентка, напиша Тамара во описот на фотографијата на која асистентката го прегледува репертоарот на својата соработничка.

Станува збор за убавата манекенка и поранешна водителка Ана Исаиева, која одамна ја снема од јавниот живот.

Оваа убава и позната двојка изгледа моќно и префинето, а за Тамара овој нов професионален чекор дополнително ја прави вистинска македонска музичка ѕвезда.

#Коментари
[fbcomments]