четврток, 21 септември 2017  |  Вести денес: 66

„Какво е ова страшило“: Брена објави фотографија без шминка, а следбениците пламнаа!

Некогаш беше поим за убавина и жена од која направија дури и кукла Барбика во времето на Југославија, но годините на стојат во место ниту за пејачката Лепа Брена која очигледно нема потреба да ги крие трагите на староста.

Имено, Брена на Инстаграм прикачи фотографија на која нема ниту грам шминка на лицето, а видливи се сите недостатоци. Армијата следбеници веднаш пламнаа дека Брена изгледа како страшило и стара баба, додека пак други застанаа во одбрана на пејачката и ги искритикуваа оние кои немаат граници на својата вулгарност во коментарите.

Денес, пејачките ретко се покажуваат во природно издание и без фотошоп,  но за Брена тоа не е задолжителна постапка од која не отстапува, туку напротив себе си се прикажува баш онаква каква е –со сите маани и доблести.

 

#Коментари
[fbcomments]