понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

4 жешки секс игри кои ќе ве распаметат

Иако можеби не ви е логично на жешко време да имате жешки секси игри, факт е дека надвор не може да биде толку топло колку што може да биде во вашата спална соба. Наместо во текот на жештините да избегнувате секаков физички контакт, добро разладете се и фрлете се во акција.

 

Ладно како лед

Да, ледот можеби е клише, но задоволството кое го дава за време на предиграта е вистинско. Ставете коцка лед во уста и откако ќе се растопи, лесно поминете со јазикот преку увото на партнерот, кое е силно ерогено место. Реакцијата веднаш ќе уследи, а тој во исиот момент ќе биде расположен за секс.

Порочни вкусови

На својот маж ставете му превез на очи и хранете го со слатко овошје, шлаг и сладолед. После секој залак нека се обиде да погоди за што станува збор, а ако даде точен одговор, наградете го со рачна стимулација. Кога ќе погреши, сетете се на „Педесет нијанси сиво“ и лесно удрете го по задникот за да го „казните“.

Сензуална масажа

Неодамнешните истражувања покажаа дека делот одговорен за сензациите од ножните прсти во сензорниот кортекс на мозокот, е сместен веднаш до делот кој прима сензации од клиторисот. Имајќи го тоа предвид, побарајте масажа на стапалата од својот партнер и тоа во ладна вода.

Иако можеби звучи чудно, но промената на температура ќе ја зголеми физичката сензација во прстите. Истовремено ќе прати сигнали до телото за возбудување, а после тоа би можел да следува и оргазам.

Замрзнати играчки

Играчките од стакло, како на пример сензуален масажер, пред употреба добро разладете ги, а добро ќе ви дојдат и лубриканти оставени во ладилникот. Немој да ги заборавите и оние кои откако ќе се нанесат на телото автоматски се ладат, па така го зголемуваат надразнувањето.

извор:скопјеинфо.мк

#Коментари