понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Поради трагедија Марија од „Жикина династија“ ја напуштила Србија, а еве како изгледа денес!

Актерката Риалда Кадриќ, која на публиката и е позната по улогата на Марија од „Жикина династија“, во една емисија ја раскажа својата тажна приказна.

Имено, таа во 90-тите години поради смртен случај засекогаш ја напушти Србија. За време на војната во Југославија, ненадејно починала нејзината мајка, па таа немала причина повеќе да остане во Србија.

-Бев во Лондон на усовршување на јазикот. Тој 16-ти јануари 1991 година, кога почна војната, мојата мајка ненадејно почина на улица во Белград. Седев во стан во Лондон и гледав вести, слушав за војната, кога ме затекна таа вест. Аеродромот беше затворен и немав начин да се вратам дома. Силно бев врзана за мајка ми, а поради тоа што нејзе веќе ја немаше, а војната во екс Југославија се ширеше, решив во Лондон да започнам нов живот, вели Риалда, која се уште не ја преболела смртта на мајка си.

#Коментари
[fbcomments]