понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Големо враќање на кралицата на стилот: Амал Клуни блеска во креација на Стела Макартни!

Поминаа повеќе од два месеци од кога британската адвокатка Амал и актерот Џорџ Клуни по прв пат станаа родители. На свет дојдоа близнаците Александар и Ела, а целото семејство последниве недели ужива на езерото Комо, каде што актерот има вила.

Од време на време тазе родителите си даваат малку време за прошетка, па ги посетуваат локалните ресторани, каде што ги дочекуваат голем број папараци.

Фотографиите со брзина на светлината се шират на социјалните мрежи, а она што најмногу се коментира е секако стилот на британската адвокатка.

До сега ја видовме во поопуштени изданија, но на последното појавување, Амал ја потсети јавноста зошто ја носи титулата „Кралица на стилот“.

#Коментари
[fbcomments]