понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

(ФОТО) Малата Мартија од „Пинкови ѕвездички“ тотално се трансформираше – оваа девојка нема да ја препознаете!

Младата и талентирана кумановка, Марија Станојковиќ, која јавноста ја запозна преку учеството во регионалното музичко шоу за таленти „Пинкови ѕвездички“, како и по претставувањето на Македонија на детската Евровизија во 2016 година, денес изгледа сосема поразлично.

Имено, оваа шармантна млада дама е голема љубителка на модните трендови, па постојано изненадува со трансформациите кои ги прави на себе. Пред неколку месеци ја обои косата во неколку различни нијанси, а сега целосно го трансформираше имиџот – како со фризурата, така и со изборот на гардероба.

Мартија е една од поактивните членови на социјалната мрежа Инстаграм, каде постојано реди нови објави, а од последните тешко би можеле да ја препознаете дека станува збор за истото малечко девојче.

Талентираната кумановка ја сплети косата во плетенки, облече мрежести чорапи, краток топ и здолниште, па застана да позира пред фото- објективот.

Погледнете, кој би рекол дека станува збор за истата малечка ѕвездичка која ја запознавме во „Пинковите ѕвездички“?

#Коментари
[fbcomments]