понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 67

Трајановски: Одличната забава од Супер Скопје продолжува и вечера на улица „Македонија“

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на социјалната мрежа Фејсбук информира дека Супер Скопје забава продолжува и вечерва со настапите на Тамара Тодевска, Нокаут и Игор Џамбазов со Гуру Харе од 22 часот.

-Одлична забава и прекрасна атмосфера на првата вечер од Супер Скопје на улица Македонија, која ќе помине во знакот на домашните изведувачи. Илјадници посетители се забавуваа со настапите на Ди Џеј Дела, Ај Кју, а спектакуларен крај на вечерта стави фантастичниот настап на Каролина Гочева. Продолжуваме вечерва од 22 часот на улица Македонија, каде ќе настапат Тамара Тодевска, Нокаут и Игор Џамбазов со Гуру Харе, пишува Трајановски на Фејсбук.

 

#Коментари