понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 67

Лисичани задоволни од средбата со градоначалниците Коневски и Трајановски (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски заедно со скопскиот градоначалник Коце Трајановски, попладнево во трговскиот центар во населбата Лисиче имаше средба со жителите на оваа урбана заедница, на која разговараа за големиот број реализирани проекти во тој дел на општината, како и за проектите планирани за идниот период.

Средбата се одржа во пријатна атмосфера, при што повеќето стотици присутни лисичани изразија големо задоволство од проектите што досега се реализирани во Лисиче, како и надеж дека и во иднина нивната населба ќе биде во фокусот на активностите на Општина Аеродром.

Изминатите неколку години во населбата Лисиче се реконструираа и осветлија улиците „Гаврил Константиновиќ“, „Митре Влаот“, крак на „Мите Богоевски“, „Ѓуро Малешевац“, „Дете Татуличе“ и „Зборски“, се изгради и реконструира фекална канализација во должина од 560 метри, нова атмосферска мрежа, модерен парк на самиот влез на населбата, како и повеќенаменско спортско игралиште, а почна изградбата и на новиот објект на ОУ „Димитар Македонски“.

извор:курир

#Коментари