понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Битолските Brass Brothers со „убиствена“ преработка на „Killing In the Name“ (ВИДЕО)

Битолската музичка дружина што веќе неколку години е виновна за одличните забави ширум Македонија, „Брас брадс“ (Brass Brothers) ја претстави својата нова преработка. Станува збор за одлична верзија на темата „Killing in the name of“ (1991) од американските рок легенди „Рејџ агенст д машин“ (Rage Against The Machine), а сето тоа е спакувано и со интересно видео, кое можете да го погледнете горе.

„Брас брадрс“ го сочинуваат: Горан Мицевски – Кусио (тромбон), Пере Мелов (труба), Костадин Бетоски (алт саксофон), Мирко Митровски (тенор саксофон) и Никола Михајловски  – Слаткаро (диџеј, вокал). Бендот неодамна го прослави својот 4. роденден, а ако се прашуваме ние, најдобро од нив допрва следува! За сите новости на битолската дружина можете да се информирате на нивната официјална Фејсбук фан страница.

#Коментари
[fbcomments]