понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Заврши 24-от „Охрид фест – Охридски трубадури 2017“

 

Годинешното издание поп вечерта на Охрид фест – Охридски трубадури мина во знакот на Пепа Димитрова која со песната  Силна ја освои  првата награда на публиката, наградата за најдобра интерпретација и наградата за сценски настап.

Во официјалната програма на Поп вечерта беа презентирани 16 композиции а во ревијалниот дел присутните  имаа можност да се запознаат со хит модели на сезоната кои ги презентираа манекенките од модното студио  Црнокрак, чија сопственичка, сСветлана Црнокрак беше и водител на фестивалот,  и да уживаат во полчасовното шоу  на Ѓоко Таневски.

На интернационалната  вечер вниманието на публиката  беше насочено кон  песните на  Гркинката  Елизабет  Христоу, дуетот  Оџаклиевска – Акулов, Трито Џентлмен и настапот на  Владо Калембер и Ина Гардијан.

Последната вечер  од интернационалнит музичкифестивал „ Охрид фест – Охридки трубадури“ беше  круна на тридневната програма ( Фолк, Поп и Интернационална вечер) во  рамките на која беа презентирани преку 60 мелодии исполнети од македонски интерпретатори и пејачи од балканските земји. Најмногу  добри вокални изведби и  настапи имаше на интернационалната вечер на која силите ги измерија  македонските автори (наградени на Поп вечерта) и странските  композитори и пејачи.

Најголемо изненадување и воодушевување на публиката  предизвика грчката пејачка  Елизабет Христоу  која со  енергична интерпретација на песната „Ако не ме сакаш“ ги освои аплаузите на  публиката и се разбира  првата  награда од публиката и втората награда од жирито.

Маја  Оџаклиевска со песната „Оди си“ која ја исполни во дует со русинот  Иван Акулов  ја освои првата награда на жирито и втората награда од  публиката.

Останатите награди  им припаднаа на песните „Немој  да  ме  чекаш“  (Трио Џентлмен – трета награда од публиката ) и  „Жена“ ( Ѓоко  Ѓорчев – трета награда  од  жирито).

Наградата  „Мато Дошен“ за најдобар аранжман ја  освои  Селами Положани, за најдобра интерпретација – Нуша Деренда  од Словенија, а наградата за најдобар сценски настап – Ина Гардијан.

На поп  вечерта  наградатие на жирито  ги освоија: Горан Милошоски – прва награда, втората и третата награда им припадна на Маротов бенд  и Трио Џентлмен,  а  наградтие од публиката:   првата на Пепа Димитрова, а втората и третата на  Влатко Илиевски  и Трио Џентлмен.

#Коментари