понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Filch ја објавија „Cunty Loop“ како најава за претстојната концертна промоција на нивниот деби албум!

Во најава на претстојната концертната промоција на 16-ти септември во Кино Фросина – МКЦ, инструменталниот состав Filch деновиве објави и втора композиција од самонасловениот деби албум. Композицијата носи наслов ‘Cunty Loop’, а специјални гости на нумерата се саксофонистот Борислав Веселинов и клавијатуристот Влатко Сапламаев.

Новиот инструментален состав во нашиот град – Filch,  ве повикува на промоцијата на самонасловениот деби албум. После долг период на музицирање и создавање музика овој состав  го сублимира своето музичко искуство, спомените и сите убави моменти во една музичка целина.“ – гласи нивното соопштение и поканата за нивниот промо ивент.

Продуцент на албумот е Ѓорѓи Вацев, а зад визуелниот идентитет и графичките илустрации стои Дарко Стојоски. 

Вечерта ќе ја отвори специјалниот гостин на промоцијата – Мухамед Ибрахими, виртуоз на својот инструмент кој ќе ги сподели своите интиутивни звучни бранови кои нема да ве остават рамнодушни.

Раскажувачи на приказната на Filch се:  Златко Андријевски – гитара, Дарко Стојоски – гитара, Теодор Бошков – бас гитара, Бранко Сапламаев – клавијатури, Гишо Динев – тапани.

На промоцијата ќе може да го најдете и албумот по промотивна цена од 150 денари, а после концертот музичкиот селектор Бојан Чакра ќе се погрижи за грувањето да продолжи во Кафе МКЦ.

Членовите на овој состав ги покануваат сите да присуствуваат на промоцијата на која ветуваат дека луѓето ќе чујат и видат приказна преточена во музика, за која знаат дека е искрена и има за цел да го оплемени духот на секој кој ќе подзастане и ќе обрне внимание на неа.

 

 

 

#Коментари
[fbcomments]