понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Слушнете го „Fantasy“, првиот постхумен сингл на Џорџ Мајкл со Најл Роџерс (АУДИО)

Деновиве  на британското радио Би-би-си беше премиерно емитуван првиот постхумен сингл на Џорџ Мајкл, кој е во соработка со легендарниот Најл Роџерс. Имено, темата насловена „Fantasy“ е дел од материјалот на кој музичарите работеа пред неговата смрт во декември минатата година.

Според соопштението на неговите сестри, „Fantasy“ е само вовед во она што допрва ќе следува од необјавениот материјал на британската ѕвезда, а сето тоа веројатно ќе биде спакувано и во албум, но повеќе информации се очекуваат наскоро.
Како звучи  „Fantasy“ можете да слушнете во продолжение.

#Коментари
[fbcomments]