понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Битолчаните „Саунд уејвс“ дебитираат со „Who Took The Light“ (ВИДЕО)

Битолскиот рок состав „Саунд Вејвс“ неодамна ја претстави својата прва авторска песна насловена „Who Took The Light“.

„Ова е прва наша авторска песна со прв видео запис, се надеваме дека нема да биде последна, а исто така се надеваме дека за скоро време ќе извадиме албум. Песната ја направивме за многу кратко време. Видео записот е сниман во Центарот за култура, спотот изгледа невообичаено затоа што е полуанимиран, сакавме да изгледа како постаро, да не изгледа како нов. Нашата група постои од 23 ноември 2016, тогаш се собравме, рековме да пробаме и бидна работата. Настапуваме во повеќе градови, во Битола во повеќе кафе барови. Сега добро ни оди, покрај првата авторска песна, подготвуваме уште една. Постоиме 6 месеци, а ни тргна многу добро“,изјавија членовите на „Саунд уејвс“.

Песната беше снимана во студиото „Гимел“ на Мими Марковски. Она што е несекојдневно е што спотот  беше сниман со мобилен телефон, а го монтираше Никола Тргачевски – Кумбата.

„Со половина членови се знаеме одамна, со другите се запознав работејќи. Прво почнавме со снимање преработки и веќе тука го почувствував нивниот потенцијал. Ова е група каква што фалеше во Битола. Спотот беше сниман со мобилен телефон кој снима Full HD.  Малку е чудно кај нас со мобилен, но интересен момент е, има друга слика, не е потребна којзнае каква технологија, битно е да имаш идеја. Ние сме тие кои ги поткрепуваме музичарите да ја пренесат енергијата до публиката“, рече Мими.

Идните планови на момците се да настапуваат надвор од Македонија и се надеваат дека ќе просперираат и надвор од границите.

 

#Коментари
[fbcomments]