понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

ЛШ: Барселона убедлива против Јувентус

Првите натпревари од новата сезона во Лигата на шампионите ги одбележаа домашниот триумф на Барселона против ланскиот финалист Јувентус со 3:0, каде Лионел Меси постигна два гола. Потоа високите победи на ПСЖ над Селтик и на Челзи против дебитантот Карабах.

За одбележување се и гостинските триумфи на ЦСКА Москва против Бенфика и на Спортинг Лисабон над Олимпијакос. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во дресот на Спортинг во игра влезе во 87.минута.

Резултати на синоќа одиграните натпревари:

А група: Манчестер Јунајтед – Базел 3:0, Бенфика – ЦСКА Москва 1:2.

Б група: Селтик – ПСЖ 0:5, Баерн – Андерлехт 3:0,

Ц група: Рома – Атлетико Мадрид 0:0, Челзи – Карабах 6:0,

Д група: Олимпијакос – Спортинг 2:3 и Барселона – Јувентус 3:0.

Вечерва се играат другите осум натпревари од првото коло.

извор:курир

#Коментари