понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Вашиот хороскопски знак ја открива причината поради која луѓето најчесто ви се љубоморни

Секој хороскопски знак има свои специфични предности и добри страни, кои се преплетуваат со недостатоците и слабостите и ја даваат онаа препознатливост по која можете да споредите различни особини на ист знак. Хороскопот открива сплет на особини заради кои другите ви завидуваат, бидејќи не може да бидат како вас.

 

Овен

Личностите кои се родени во знакот Овен ја имаат онаа енергија и издржливост, која поголемиот дел од останатите ја немаат и која им недостига кога им е најпотребна. Овенот поттикнува, постојано е во акција, не го држи едно место, со него никогаш не е досадно, неговата енергија е инспиративна и моќна. На Овните не им недостига шарм и самодоверба и се чувствуваат добро во толпа од непознати луѓе. Тие на нив гледаат како идни пријатели, соработници и познаници.

Бик

На Биковите обично им се завидува на независноста. А, она од што тотално не зависат е туѓото мислење. Секој од нас понекогаш вели дека не му е грижа што мислат другите, но Бикот навистина го мисли тоа и го прави она што го сака, поточно онака како што сака, не чекајќи ничие одобрување или охрабрување. Бикот верува во себе, го слуша своето срце и е многу мотивиран.

Близнаци

Близнаците се креативни, генијални, способни, шармантни, талентирани, чиј ум е бистар поток, чии раце се брзи и вешти и кои умеат со сопствени раце да создадат нешто од сопствената идеја. Тие имаат среќни раце кога ќе се зафатат со нешто и умеат да го наплатат својот талент и знаење, заради што останатите талентирани и учени силно им завидуваат.

2-horoskopot-otkriva-zoshto-drugite-lugje-vi-ljubomorat-www.kafepazua.mk_

Рак

Познат по своите капацитети за љубов, Ракот е некој кој сака најмногу, најдлабоко и најцелосно. Зошто некој би му завидувал на тоа, кога со таа способност за љубов доаѓа и отвореноста за повредување и патење? Па, бившите партнери им завидуваат кога тие после нив почнуваат нова врска со друга личност.

Лав

Пристојните луѓе им завидуваат на Лавовите како да им одземале нешто што тие го постигнуваат со леснотија. Кога е некој трн во окото, бидејќи со леснотија му течат работите и плус собира заслуги за она за кое вие најмногу се трудите, а не добивате ништо, тој е најверојатно Лав во хороскоп. А тоа значи дека умеел да се наметне како компетентен и дека барал неговата компетенција да се вреднува и наградува. Лавот го бара само она што му е потребно и не чека некој да се сети да му го понуди, а ние останатите можеме само да се нервираме заради тоа.

Девица

Девиците знаат како никој друг да соберат два и два. Сите го знаат резултатот, но аналитичкиот ум на Девицата и нејзината смиреност го земаат предвид секој аспект на таа едноставна задача и затоа се одлични при детектирањето на проблемите и во нивното решавање. Сите ги сакаат во својот тим, бидејќи продираат во суштината и заради таа особина ги сакаат и професорите, пријателите, шефовите, па дури и емотивните партнери, а им завидуваат сите останати.

3-horoskopot-otkriva-zoshto-drugite-lugje-vi-ljubomorat-www.kafepazua.mk_

Вага

Луѓето им се љубоморни на Вагите, бидејќи имаат толку многу пријатели и тоа добри. Толку сјајни и квалитетни личности ја познаваат таа Вага и имаат најдобро мислење за неа. Бидејќи таа не собира трофеи, туку со својот такт, љубезност, внимание и искреност прави секој покрај неа да се чувствува како посебно суштество на светот – сакано и драгоцено.

Скорпија

Скорпијата е сѐ спротивно од пасивност – нејзиниот чекор е енергичен и напорот кој го презема воопшто не делува како напор. Никој не е толку фокусиран, толку мотивиран и толку упорен кога нешто сака, како што е Скорпијата. Страста која ѝ дава енергија не може да се научи, или ја имате или ѝ завидувате на туѓата.

Стрелец

Кога ќе го посакаат тоа, Стрелците се најзабавните личности на светот, а тоа е комплексна особина заради која многу срамежливите и затворени личности бескрајно им завидуваат. Не постои таа грижа од која нема да ве извлечат после својата саркастична забелешка и начинот на кој го набљудуваат светот – сѐ што постои е тука за тие да се забавуваат најдобро што можат, а патем и сите оние кои се во нивна близина.

Јарец

Строги и пристојни, Јарците предизвикуваат восхит и завист со својата способност да бидат вистински борци кога е во прашање нешто за коешто се грижат. Негативна особина? Не, тоа е дар, па затоа им завидуваме. Тие не заминуваат на спиење посакувајќи да направеле нешто подобро или да направеле барем нешто, бидејќи тие го прават тоа што го сакаат, а ако квалитетот на направеното не зависи само од нив, ќе бидат упорни додека сите околу нив не ја истиснат последната капка напор и залагање, мразејќи ги што се тирани и завидувајќи им на способноста да истераат по свое.

Водолија

Ако некој ѝ завидува на Водолијата, најверојатно и не знае зошто ѝ завидува. Можеби на мирот и на достоинството. Никој нема да помисли дека ѝ завидува на Водолијата затоа што е толку подбра и покомпетентна од него, посветена на нематеријалните вредности кои ја обвиваат. А, Водолиите имаат срце кое е во состојба да се грижи за целиот свет и тие често го прават тоа на разни начини, давајќи му свој придонес на човештвото низ разни облици на активизам.

Риби

Рибите се тивки креативци кои можеби нè оставаат добар впечаток од прв пат и кои треба да ги откриете, но може да им се завидува на таа нивна способност да живеат во својот совршен свет и понекогаш од него да изнесат по некој бисер, без никаква бучава и слава. Ако некој од прв пат им завидува на Рибите, ќе заврши восхитувајќи им се и почитувајќи ги.

извор:кафепауза.мк

#Коментари