понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 67

Вкусно, а едноставно: Колач со шлаг и карамел кој ќе ве освои!

Овој вкусен колач е едноставен за подготовка, а ќе го обожава целото семејство…

СОСТОЈКИ:

  • 150 гр брашно
  • 1/2 лажица прашок за печиво
  • 80 гр путер
  • 60 гр шеќер
  • ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • рендана кора од лимон
  • 200 гр суви сливи
  • 200 гр мармалад од сливи
  • 125 гр шеќер
  • 1 лажица лебни трошки
  • 3 белки
  • карамел прелив

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Натопете ги сливите во млака вода и кога ќе омекнат изблендирајте ги со растопениот мармалад.
  2. Замесете тесто од брашно и прашок за печиво, јајце, парчиња путер, шеќер, ванила и рендана кора. Облкувајте во топка, замотајте и оставете го во фрижидер половина час.
  3. Развлечете го тестото и со него обложете го дното и страните од калап за пита. Ставете во загреана рерна на 175 степени и печете околу 15 минути, па на него ставете го подготвениот фил од сливи и печете околу 10 минути.
  4. Питата извадете ја од печка, ставете цврст снег од белки кои сте ги измиксале со шеќер и печете додека снегот не добие златна боја.
  5. Исечете на коцки, прелијте со карамел, послужете и уживајте!

извор:готви.мк

#Коментари