понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 67

Која е разликата помеѓу машкиот и женскиот оргазам?

Мажите немаат големи проблеми со постигнувањето оргазам. Меѓутоа, дали некогаш сте се запрашале какво е чувството за време на оргазмот и како тој се разликува од женскиот? Дознајте во продолжение!

 

1. Машкиот оргазам е краток

За сите оние кои сѐ уште не знаат, оргазмот кај жените може да трае до 30 секунди. Мажите не се благословени со толкаво траење, а нивниот оргазам трае од 3 до најмногу 12 секунди.

2. Машкиот оргазам е еднократен

Додека жените можат да доживеат повеќе оргазми еден по друг, кај мажите тоа може да се случи само еднаш во одреден временски период. За втор оргазам најчесто е потребно малку време да се почека…

3. Машкиот оргазам е помалку интензивен

Во мозокот за време на оргазмот и кај жените и кај мажите се одвиваат еднакви процеси, односно се активираат хормоните на среќа. Интензитетот на машкиот и женскиот оргазам е всушност еднаков, а разликата е во тоа што кај жените трае подолго време, па едноставно заради тоа изгледа дека е поинтензивен.

4. Машкиот оргазам е поедноставен за постигнување

Единствен недостаток на женскиот оргазам е тоа што тешко се доживува. Односно, жените тежнеат за време на сексот да доживеат оргазам, додека нивниот партнер скоро секогаш го доживува.

извор:кафепауза.мк

#Коментари