понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 0

Лувр се сели на исток – најпознатиот музеј на светот ги отвара вратите и во Абу Даби

По цела година исчекување и одложување, најпознатиот музеј на светот Лувр, конечно ги отвора своите врати и во Абу Даби. Отворањето е закажано за 11. ноември.

Проектот, кој е најавен уште во 2007 година, со заеднички сили го започнаа и реализираа Француската влада, туристичката заедница на Абу Даби и музејот Лувр. Дизајнот на музејот во Емиратите го потпишува славниот архитект Жан Новел, а интересно е тоа што тежината на целиот музеј изнесува 7300 тони, што одговара на тежината на металот со кој е изградена Ајфеловата кула. Исто така, музејот во Абу Даби е сместен на самиот брег и има прекрасен поглед кон морето.

Во новиот музеј ќе бидат изложени повеќе од 600 уметнички дела од целиот свет, од антички до модерни, вклучувајќи и 300 уметнички дела кои се позајмени од познатите галерии и музеи, како што се Орсеј и културниот центар Помпиду. Во овој музеј ќе се најдат и Леонардо, Моне и Матис, покрај другите многубројни мајстори на мермерот.

Според договорот кој е создаден во 2007 година, Лувр ќе го позајми своето име на музејот во Емиратите во следните 30 години, а во следните 15 години ќе се одржува годишна изложба со слики кои се пристигнати од Париз.

Колку од сето ова профитирал парискиот музеј е тешко да се каже, но сигурно се работи за големи суми на пари.

Извор: Точка.мк
#Коментари