Фолк пејачката Александра Пријовиќ наиде на  проблеми,  зашто нејзиниот спот за песната „Сепаре“ на Јутјуб е забранет за малолетници. Таа доби блокада од администраторот поради порнографската содржина,  односно бизарните и експлицитни садо-мазо секс сцени во овој видеозапис.

Лицата помлади од 18 години кои го отвориле налогот на Јутјуб со вистински податоци за годината на раѓање не ќе можат да го отворат спотот на пејачката зошто автоматски дава сигнала дека е невозможно да се пушти. Може да го гледаат само полнолетни лица.

Александра на снимката се појавува разголена, во садо-мазо фазон, како манекенка која камшикува мажи по задникот. Тоа е препознаено како порнографија.

„Спотот на Александра очиглено е премногу провокативен штом адиминистраторот на Јутјуб одлучи да им го ограничи на корисниците. Воведена е забрана за малолетници и тие немаат можност да ја видат снимката, во која фолкерката вложи многу пари. Иако Прија мисли дека се е снимено професионално и во граница на нормалата, изгледа некои од експлицитните сцени ги поминале тие граници“  – вели извор близок до фолкерката и додава дек нејзината публика таа песна посебно ја издвои од албумот и ја вброи меѓу најслушаните.

„И по неколку пати во вечерта на настапите и бараат да ја отпее „Сепаре“. Песната брзо им влезе на сите и стана хит. Токму поради тоа пејачката се нервира, ја боли забраната зошто смета дека се е направено крајно професионално“ – додава изворот.

Снаата на Брена по излегувањето на своето првенче зборуваше за експлицитните сцени од спотот и се правдаше дека за таквите кадри биле ангажирани други луѓе, а не таа.

Погрешно е се’ протолкувано. Јас не сум цело време во спотот. Бев во три кадри во кои пеам плејбек, останатите сцени ги глумеа други девојки и момчиња. Јас никого не удирам со камшик. Знаев отприлика што ќе се снима, но не присуствував на снимањата. Сепак, се е супер направено“ – вели Прија, која признава дека нејзиното момче Филип Живојиновиќ, синот на Брена и Боба,  максимално ја поддржува во се’.