понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 67

Се свршија, па се разделија Лозано и Савка: Кој даде оставка?!

Поп пејачот Влатко Лозаноски – Лозано и моделот Савка Грачанин ја раскинаа свршувачка, пишува Фокус.

Убавата валандовчанка, со која популарниот пејач беше девет години во врска, уште пред неколку месеци се отселила од станот во Скопје, каде живееја заедно изминативе години.

Негови блиски пријатели велат дека се изненадени од нивната одлука и како наместо непријатните вести за прекинот на врската, очекувале покани за свадба, пишува Фокус.

– Влатко е многу затворен тип, не сака да открива приватни детали. Претпоставуваме дека подолг период имале проблеми со Савка, иако навидум изгледаа како доста стабилен пар. Сигурно имале добра причина за прекин на свршувачката, бидејќи се познаваа со години, живееја заедно, зрачеа со љубов – открива извор близок до пејачот за Фокус.

Имено, кога пред околу една година и двајцата на своите Фејсбук профили ја објавија веста за запросувањето и започнаа да добиваат честитки од пријателите и фановите, Влатко изјави дека во нивниот однос нема да се менуваат многу работи, бидејќи долги години биле во врска, живееле заедно, и прстенот на раката на Савка не значи промена во нивниот начин на функционирање. Исто така, тој тогаш најави дека планира свадбата да се случи во неговото родно Кичево.

-Нема што да се каже, не сме повеќе заедно со Савка. За повеќе детали од приватноста не би коментирал – изјавил тој за Фокус.

Но, како што рекле старите, рибата мириса од главата. Во месец февруари 2016 година Савка имаше свое интервју за ТВ магазинот „Бекстејџ“, каде откри дека Влатко не е некој романтичен тип, па дури не клекнал кога и до дал прстенот. Човекот кој секогаш пее за романтика и љубов, кога дојде ред да ја покаже во вистинскиот момент- тоа не беше случај.

Таман кога летово сите ја очекуваa модерно-традиционалната свадба,  која наедно  ја најави Савка, екс манекенката целосно ја снема од социјалните мрежи. Својот профил речиси го избриша, па не остана ништо од спомените со Влатко.

Тој пак, се уште чува по некоја фотографија од сега поранешната свршеница за која некогаш пишуваше дека како неа нема друга.

Но, очигледно пејачот нема ништо против  се уште да ја има Савка во спомените, но не и таа. Евидентно е дека Савка е во медиумска илегала, а скандалот пукнал од поодамна, но во медиумите се слушна дури неколку месеци подоцна.

За потсетување, Лозано и Савка се запознале за време на едно модно шоу, а потоа тој ја поканил да му гостува во спот. Љубовта им се родила за време на снимањето на спотот ,,Обичен без тебе’’ и неретко во интервјуа за разни медиуми раскажуваа дека се сродни души.

#Коментари
[fbcomments]