понеделник, 25 септември 2017  |  Вести денес: 67

SEAT избира помеѓу четири имиња за својот нов SUV модел

Паралелно со светската премиера на ексклузивните изданија Leon CUPRA R и Arona, на салонот во Франкфурт, шпанскиот производител ги објави и четирите финални предлози за името на целосно новиот SUV, кој ќе биде лансиран во текот на следната година.

Лука де Мео, претседател на SEAT, објави дека четирите финални предлози се Alboran, Aranda, Avila и Tarraco, како и тоа дека секој кој би сакал да го изрази свое претпочитање и да поддржи некое од имињата, може да го направи на сајтот seat.com/seekingname. Предлогот, кој ќе добие најмногу гласови, ќе биде дефинитивно прогласен за победник и ќе биде искористен за ознака на целосно новиот SUV предлог на шпанската марка.

Seat ја стартуваше иницијатива #SEATseekingName на 1 јуни и собра вкупно 133.332 предлози од учесници од 106 земји низ целиот свет. Редуцирани врз основа на основните барања на конкурсот, бројот достигна до 10.130 предлози, а секој од нив беше поврзан со различно историско место во Шпанија, а победникот ќе биде прогласен пред 15 октомври оваа година.
Од 1982 година, до моментов во портфолиото на SEAT биле вклучени вкупно 13 модели, имињата на кои се поврзани со географски области во Шпанија: Ronda, Ibiza, Malaga, Marbella, Toledo, Inca, Alhambra, Cordoba, Arosa, Leon, Altea, како и најновите Ateca и Arona. Новиот SUV на SEAT, што ќе го видиме на пазарот следната година, ќе биде третото сосема ново издание, откако веќе се лансирани Ateca и Arona, која ќе биде прикажана во втората половина на оваа година.

#Коментари