четврток, 27 април 2017  |  Вести денес: 0

IN или OUT

Ја прскам вчера поручекта со шмркот за шо побрзо да никне тоа младата енглеска трава шо пред некој ден ја посадив, па и ја у авлија да иам зелен тепих, за коа летоска ќе се испружам на тоа полското креветче у двор, да се осеќам као да лежам на сред Вембли.

Screenshot_8

И таман привршуев со вадење, коа у еден тренутак на тротоарот  испред мене, се паркира  бел „Трабант од  ауто школа  Општа опасност. И доека мене ни на крај  памет не ми паѓаше дека управо мене ми идат гости, од тоа врхунското достигнуќе на источнонемачката технологија на 4 точка, искача една цуцла, стегната у тексас сукњиче, обуена у топуци за по кал, натепала темни цвикери за сонце на фаца, и уз: Чао, се глеаме утре у исто време! – му залупуе врата на тоа инструкторот и целата окезена у осмех који обара, ми се обраќа: „Дечки, примаш домашна посета? Ја онака полузбунет, полуизненаѓен, док куцам три пути у  дрво за да разбијам малер и у себе си викам: Тебе да ти доаѓа домашна посета, да ти ибам тоа женскиот кобник, ја препознаам  Виданка, звана Вики Визонот, шо пред пар недељи случајно ја упознав, чекајќи на ред пред шалтер у пошта, за да платам комуналии, доека гласно размишљав: Зашо у оваа држава све шо е ИН е уствари  АУТ  и обрнуто!?

Screenshot_2

И стојам ја така на тоа шалтерот со картичката и сметките у рука, и таман дојдов на ред, коа некој иза мене ме прашуе: Извини дечко, ај ако сакаш попуни ми ја уплатницава! Дигам ја глаа и до мене регистрирам една барбика, фарбана жута у тоа глаата, као тек изведено пиле  од инкубатор со потенцијал да стане тазе кокошка,  а она ме глеа со благо-телеќи поглед и така окезена, покушаа као да ме шармира, за да и завршам работа.

waiting-in-a-queue-415x236

Шо не ти е јасно бе, моме?, ја прашуем, коа она, опет: Абе, студирам ванредно, па уплаќам задњи испит у  прва година, али не знам шо значи ова: Цел на дознаката!?

Screenshot_7

Ја глеам ја така и си викам: Оваа гарант студира  сточарство, и успут, доека и ја попунуем тоа уплатницата и поставуем допунско питање: Па, како си ги полагала другите испити до сеа?, а она ми одговара: Па, писмено!  Ај, нема везе – си викам, Изглеа не ја чув добро  и набрзина и ја враќам попунетата уплатница назад, а моите сметки  и Мастер картичката ги подаам на шалтер, коа од другата страна, следуе шок: Готово, дечко, затворено. Само до 2 работимеГлеам ја на саат: 14: 05 и доека ги збирам онака љут тоа белешките за комуналии, цуцлава ме замолуе, ако сум со ауто и неа да ја џитнам до прва наредна пошта за и она да уплати, да не и затворат студентски прашања.  Ја седнуем у кола и ја снимам онака под око: Не е за фрлање, ќе пројде – си мислам и доека шалтам прва, друга, трета, ја прашуем дали ќе и смета ако малце пуштам еркондишн, коа она ми вика: Абе не, али боље пушти нешто народно! Јер тоа странските послабо ги слушам. Да не имаш нешто турбо? 

lipstick-lady_729-620x349

Иам! Турбо –  дизел ми е аутово – и одговарам и ипак пуштам и клима и Фолк радио , коа она ми пружа рука да се упознаеме: Виданка! Али нагалено, Вики–  Визон ме викаат, јер у средно имав крзно од…!  Вероватно бунда од визон, си викам у себе и,  и се претставуем по надимак, а цуцлава се чуди откај  такво филмско име!?

Цела прва година у гимназија идев со вијатнамка – и викам, док она целата у прашалници, онака окезена ме прашуе: Ај, шо од копиљ си почнал да идеш со женски, може некако и ќе ти поверујам, али кај најде да идеш баш со Вијатнамка?

 Избеглица од ратот у Сајгон. На Хо ши Мин живееше, втора куќа, лево од семафорите у  Бутел 2  – и одговарам и едвај се уздржуем да не прснам у смех.  Сва среќа шо више стигнавме до главна пошта и откоа подмиривме рачуни, пошто и онака и беше касно за на студентски, прво ја седнуем у центар, у кафич на по една пијачка, затим у прва кафана ван град на ручече, а откоа се потстемни, ја искрцав кај мене на турско кафе. А, кај мене знаеш како е: штом некој ми упадне ненајавен на домашна посета, ја обично завршуем на туѓа нега!

Screenshot_4

Ееее, тек онда го  видов,  она шо не го ни претпостављав.  Ете, зашо Вики била Визон. Крзноооо?!  Дааа… али од глуждои до пупак! А, Бога ми  и  шире! Него, у блажени тренутак среќе и задовољства, ја нејзе и упутуем културен комплименат со соодветна компарација за да може правилно да го разбере: Јао, Вики, душо, мешаш као Цеца у спотот за Драгане мој, а она, док јаше на мене као Џон Вејн  у  До последњех даха,  ми узвраѓа одговарајуќи комплименат на нејзино ниво: И ти си душо, ист као АрканЦиљаш право у центар!

 “Да, само шо он ги убијаше, а ја праам луѓе”, си викам у себе, док она више ми спрема ново изненаџење, након кое тако речи бев убеден дека  до тогаш,  стварно  полагала само писмено. Јер, каква се покажа на тоа „усното“… Висок просек! Чиста десетка!

Screenshot_5

Него, ја онака затечен, со тоа цревото у рука у двор, ја прашуем како успеа да ме пронајде, коа она мене: Види душо, од Вида, тешко се кида! – и успут ми мафта со мојата лична карта у рука, шо ја скапав барајќи и откоа не успеав нигде да ја најдам, пред некој ден ја огласив за неважечка. Копук! Ни на крај памет, дека  можда случајно сум ја забраил или она намерно ми ја собрала дента коа ја упознав, доека плаќавме по тоа поштенските шалтери!  И да знаеш“ – продужава, онака цинично: Она шо збореше, за ИН и АУТ, за мене не важи!

Screenshot_3

 Ми го остаи документот за лична идентификација на ступчето, се заврти и целата пуна себе, демонстративно си отиде и ме остаи онака затечен со шмркот урука!

 Не бе Видо, каков АУТ, с краја да е,  Баш си ИН! И тоа не едно, него три ИН у едно ИНтелектуален ИНвалид од  ИНџиково!           

#Коментари