среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Боби Мојсовски: Се опуштам со психолошки трилери

Пејачот Боби Мојсовски кој со својот глас ги воодушевува фановите ја даде својата лична препорака за книга, филм, изведувач и музички албум по свој вкус, за читателите на Вистина.мк

bobi mojsovski

Книга – “Дванаесетте ноќи“ – Фолкер Клипфел/Михаел Кобр за љубителите на психолошки трилери. Дејствието се одвива на планински хотел на Алпите за време на Божиќните празници. Хотелот организира крими игра во која главниот лик, инспекторот Клуфтингер треба да го одглуми Херкул Поаро и се е во ред, се додека навистина не се појави жртва. Планинското место го зафаќа снежна бура и никој не може да замине, ниту да дојде. Прилика за комесарот Клуфтингер и докторот Лангхамер да решаваат вистинско убиство.

Филм – Гледам секакви жанрови, гледам постојано, сигурно по 1 – 2 филмови или епизоди од серии дневно. Но, ако би избирал, на прво место би ги ставил акција, фантастика и хорор. Тоа е можеби поради фактот што обожавам андреналин, а добар филм од овој жанр има навистина што да понуди. Последно време, внимание ми привлекоа мегапопуларните серии “Game of Thrones“ и “Supernatural“, а последниот филм што го гледав и ми се допадна е продолжението од “300”.

Изведувач – Тешко да се оддели еден, одлични изведувачи, особено од 80’ – 90тите како Дејвид Ковердејл, Стивен Тајлер, Џон Бон Џови, Себастијан Бах (Скидроу) и тн. Отсекогаш изведувачите сум ги оценувал од музички аспект: начин на интерпретација, вокален распон, сценски настап и тн. Сите се одлични изведувачи. А од нашата естрада се разбира, Тоше Проески.

Музички албум/ песна – “I don’t want to miss a thing – Aerosmith“ и “Gotthard – Heaven“ ми се на листата број 1, поради фактот што тие песни будат одредени чувства во мене и ми враќаат едни од најубавите спомени со една многу драга личност.

#Коментари