сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Елен Деџенерис се бакнува со машко?

z1p78buo

Во гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис, преубавиот актер Роб Лоу и водителката се бакнаа пред целата публика и телевизискиот аудиториум. Бакнежот ги насмеа сите особено затоа што самиот бакнеж беше парафраза на еден незгоден бакнеж кој актерот бил приморан да го одглуми со својата колешка која не сакала да се бакнува со него.

Кога Роб ја замоли Елен да ги сменат улогите, таа да го игра него, а тој колешката што не сака да се бакнува, публиката експлодираше од смеа!

Инаку Роб Лоу беше во емисијата на Елен за да ја промовира својата нова книга Љубовен живот.

#Коментари
[fbcomments]