сабота, 24 јуни 2017  |  Вести денес: 36

Јован Радњански: Единствен критериум за филм ми е истиот да има добра критика и рејтинг

Пејачот Јован Радњански кој неодамна се пресели во Австралија ја даде својата лична препорака за книга, филм, изведувач и музички албум по свој вкус, за читателите на Вистина.мк

jovan radnjanski

Книга: Моментално ја читам “Големиот Гетсби” од Ф.Скот Фитцгерлад книга која го опишува гламурот и луксузот кој се јавил како резултат на прохибицијата на поединци кои нелегално дистрибуираале алкохол како и ”Џез добата” која следи во американското општество по првата светска војна. Минатата година излезе и филм со адаптирано сценарио на големито хит од триесетите години на минатиот век. Баш овој филм ме испровоцира да ја прочитам по втро пак оваа книга.

Филм: Гледам секаков жанр филмови ,а единствен критериум ми е истиот да има добра критика и добар рејтинг на некој од официјалните страни кои третираат филмска уметност. Годината која што измина исфрли на површина исклучително добри наслови како што се “Blue Jasmin”, “Captain Phillips”, “12 years a slave”, “Philomena”, посебно би го издвоил овој последниот базиран на вистинска приказна ,драма со непредвидлив крај .Последнпо филмско остварување кое неодамна го гледав во кино е “The monument men” а со нетрпение очекувам да ја видам премиерата на филмот со библиска содржина “Noah” кој уште пред официјалната премиера е проследен со контроверзии и забрани во муслиманскиот свет.

jovan marija- radnjanski

Изведувач: Подеднакво слушам и македонска и странска музика и во едната и во другата имам фаворити ,од домашната музика не би можел да издвојам некој посебно затоа што сите ми се подеднакво драги,затоа што се наши. Постојано следам што има ново и се надевам дека во периодот кој следи ќе има помрднување од место на македонската сцена. Ако морам некој да издвојам тоа е “македонско девојче” на Каролина,а особено се радувам на Даниел Кајмаковски и неговата победа на х-фактор и му предвидувам голема кариера надвор од границите на Балканот.

Музички албум/песна: Особено ми се допаѓа последниот албум на Бруно Марс насловен Unorthodox Jukebox а од истиот би ги издвоил песните When I Was Your Man и Gorilla,овие две песни како останатите од албумот изобилуваат со исклучително добри текстови, пленат со својата едноставност и покрај тоа што имаат комплицирани хармонски линии. Eдинствено што ми е жал е што не можев да присуствувам на концертот на Бруно Марс во Перт Арената во месец февруари затоа што не успеав да обезбедам билет, а истите беа распордадени пред да дојдам во Австралија.

jovan marina radnjanski

#Коментари