среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 21

ЌУТИ, ТРАЈ ДО ПРВИ МАЈ!

Цел ден  некња се распраам со сестра ми, јер пола саат ме убедуеше да идам у прва продавница за спортска опрема, и на внук ми да му купам  вреќа за спиење, за да имал копиљов шо да постеле, јер со другарчињата решиле за празникот на трудот, да одлепршаат негде у планина на  излет. Све тоа е фино, бе брат, разбирам ја чист ваздух, птичји цвркут, релаксација у природа, доручак на трави и остали оброци и спортски активности… али,  никако не разбирам зашо баш мора вреќа за спиење!? Све ми стана јасно, тек откоа копиљов ми објасни дека мора така, јер планираат со себе да носат лаптопови и таблети, а новите вреќи управо биле напраени од пластифицирано платно, шо ем одржаа константна температура у нутра, ем не пропушта влага, за недај боже да не им заврне!

Screenshot_13

Пу, да ти ибам тоа генерацијата “сајбер – спејс”, као да ве праел Бил Гејтс, а не…! Ај, да не кажам сеа нешо шо не треба, па да го увредам зет ми!  Па јеботе, ние у наше време малтене сме седеле со гол г’з на влажна трава, па опет нишо не ни  фалеше. Какви вреќи, какви лаптопи, какви таблети бе брат, какви бакрачи. До душа, забава и ондак имаше, али не компјутерска, него од друга природа. Добро, шутраците увек играа фудбалче на мали голчиња по тоа пољаната, али затоа ја увек имав боља варијанта за забавно – рекреативни активности. Ем рекреираш на чист ваздух, ем празникот на трудот го поминуеш у духот на името и намената – работно!

ad3b68c0f4e28cf11db53ea481fad225

Еве, рецимо памтам као денес коа онаа година, цел чопор друштво, за Втори Мај  заглаивме на Китка. И доека едни ја распалујат скарата, други го спремаат месото, трети ја сецкаат тоа салатата, ја добровољно се пријавуем  да идам да ја изладиме пијачката доле у тоа рекичето, заедно со  Маре – “Мрсната”. Го зиам ја така у руки тоа  гајбичето со пива и сокои, доека “Мрсната” го носи шаторското крило  за седење, шо тек каснија разбрав дека го зела од дома, од ратната опрема на татко и, иначе нижи подофицир у тогашна ЈНА.

am274

И таман ги туривме тоа флашите да се ладат и седнавме под една сенка, коа за трен ока се наоблачи. И не пројдоа ни пар минути, коа удри една провала облака. Се споиле небо и земља, грми као овие абдаливе од НАТО коа го бомбардираа Београд. Врне истура као да тураш вода од кофа. И док се мислам ја шо чаре да чинам,  “Мрсната“ го вади тоа учкурот од тренерките, го спаја со брусхалтерот, на него ги надодаа врвките од патиките и праи јуже и со него го вржуе шаторското крило за прво дрво и одма праи импровизиран покрив над глаа. Се глеа шо ти е дете на војно лице – си викам ја у глаа и седнуем до неа под тоа непропустливото платно. И доека така чекаме Господ да се смилуе, ја загледуем ја “Мрсната” у тоа пупките шо и набрекнале од студот и преку  утоп – влажната маица и штрчат као на ѓаол рогои. А, ѓаол као ѓаол – мора на нешто да те тера! А мене ме  отера у блуд .

IMG_1576

Сум ја стиснал ја “Мрсната”, онака полугола уз себе као свое дете за да ја стоплам, и доека обострано мешеме пљувачка, она ми шара со јазик по тоа тазе нараснатите умњаци, док ја нежно “и мењам станици” на тоа набрекнатите  брадаици, исто као на времето коа тражевме Радио Скопје за да слушаме “Три гонга” на тоа старото радио у скапаното Фичо на комшијата. И така опиени од задовољство, доека со “Мрсната” игравме пролет: Ја ја пупев, а она цветаше као мајска ружа,  не  ни приметивме  дека огреало сонце, да не не тргнеа од занес гласоите на другиве, шо се дереа по нас, онака, целите успаничени  шо не нема по тоа невремето. Се облакаме набрзинка, ја зијам ја гајбата со пијачка у руки  и стигаме до нив, а они… се набутале у тоа комбето на Аце – “Абартот” и дремат као мисири. Јеби га, шта ќеш. Не сме сите исти. Па,  не узалуд се вика дека: Једна ласта не чини пролеќе”!

Screenshot_1

Него, другиот ден ми ѕвони телефонот, а од таму “Мрсната” ме прашуе да не  случајно сум го земал тоа нејзиното шаторско крило кај мене. Откоа и реков дека изглеа таму го забораивме, она онака утучена со полушептеќи тон на гласот ми вика у слушалка: Абе Рамбо, ја го дигнав од опремата на стариот без да го прашам, а војска као војска, знаеш како еза нив нема празник. Еве, баш ноќеска имаа узбуна, и сабајлево татко ми од касарна се врати ифрит љут, јер го казниле со две прекоредно и 20 % од плата због тоа шо на узбуна се појавил у некомплетна ратна спрема”!

Joegoslaviejaren802

Два -три дена након тоа, коа ќе отидев кај нејзе дома као божем заедно да учиме,  и мене малце ми беше незгодно, јер чим ќе се соочев со татко и, он одма почињаше да ми прети, као да сум му ја крив за све: Оддамна ја тебе ти го збирам, да знаеш…!”.

Screenshot_14

Абе ти можда и ми го збираш, али затоа ќерка ти секој ден ми го вади…” – си викам ја у себе, задоволен шо празникот на трудот  и таа година го поминав баеги работно!

#Коментари