четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Радио водител на РСМ Тик Так: Новите филмови се инстант филмови

Радио водителот  на брановите на радиото Слободна Македонија, Тик Так  ја даде својата лична препорака за музички албум, книга и филм по негов вкус, за читателите на Вистина.мк.

тик так

Книга за читање: How to satisfy every women and have her beg for more – Naura Hayden

Кога имав околу 18 години отидов у Америка. Да се доучам. И шетав по тие нивните мегаломански книжари каде што можеш да најдеш ама баш се. И ја најдов оваа книга. И целосно ми го смени животот. Читам сега по форуми децава се прашуваат како да фатат девојка, како да и пријдат и добиваат некој квази совети од типот „Прај се фраер… Игнорирај ја… “ и после цел живот сами. Оваа книга ќе те научи како да се однесуваш со, и кон жените. Пред врска, за време на врска и за време на брак. Единствена лоша работа е тоа што ќе станеш толку добар во се, а добриот збор надалеку се слуша…. па види сега:) Мене мојата книга повеќе не ми треба, а ако тебе ти врши работи, може да ти ја позајмам…

Screenshot_1

 

180px-Архангел_-_Архангел_2Албум: Архангел 2

Овој албум (касета) искочи некаде пред почнам средно.  И беше идеален материјал во кој пост-транзициски средношколец можеше да се препознае. Темни, депресивни текстови со ронка надеж. Ристо Вртев жареше и палеше со текстовите, со концертите во Капан Ан. И ден денеска ова е еден од ретките албуми кој може да го ислушам од почеток до крај. Најверојатно бидејќи секоја песна е подеднакво добра, а текстовите се уште можат да допрат до мене. Архангел исто така го имаа еден од најдобрите unplugged концерти во тогашна МТВ. Сега на Youtube може да се најдат едвај две-три песни од таа свирка. Ако некој, некаде, случајно ја има целата снимка од концертот, нека сподели!

 

 

Филм – Private Parts 

Филмови гледам многу често. Толку често што дури и заборавам што сум гледал. И пак го гледам истиот. И ништо не помнам. Најверојатно поради тоа што овие новиве филмови се инстант филмови.  Ама ако нешто ми се допадне, тогаш останува запаметено. А еден од тие што се паметат цел живот е филмот за Хауард Стерн, легендарниот радиски  ДиЏеј кој ја испиша модерната историја на радиото во Америка. Она што денеска се сервира како реално ТВ шоу, Хауард го прави на радио, и тоа на уникатен начин без никаква слика, само со звук. Театарот на умот доведен до перфекција. Задолжително да се најде и да се погледне!

private partis

#Коментари