вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 57

Мишо Спасовски: Омилена книга ми е „Дали ме чекаш“ од Гијом Мисо

Танчарот Мишо Спасовски кој беше дел од најпопуларното домашно телевизиско шоу „Танц со ѕвездите“ ја даде својата лична препорака за книга, филм, изведувач и музички албум по свој вкус, за читателите на Вистина.мк

miso spasovski

Книга: Па омилена книга ми е Дали ме чекаш – Гијом Мисо , тоа е на некој начин љубовен роман каде што се еден млад лекар кој сто живее во Сан Франциско и запознава една девојка во која што бескрајно се заљубува но прерано ја губи со нејзината смрт,и потоа во книгата се пишува како тој се ќе направи за да ја види пак… Добра книга која ни покажува дека минатото секогаш живее позади нас.

Филм: Омилени филмови ми се  Гладијатор и Lord of the Rings, па ете Гладијатор ми се допаѓа поради тоа што е историски филм, убава приказна и добра музика, а Lord of the Rings ми се допаѓа исто поради музиката и добрите ефекти (обожувам да гледам се освен хорор филмови).

miso i sara 6

Изведувач: Јosh Кaufman , Sam Smith , Karise Eden ,  James Arthur

Ова се моите омилени изведувачи поради неколку причини,сите се одлични пејачи со преубав боја на глас и што најмногу ми се допаѓа е тоа што сите пеат soul music со многу емоција а мене тоа најмногу ми се допаѓа.

Музички албум/песна: Епа вака како што реков сакам soul music но имам една голема љубов кон Rock музиката а тоа е поради мојот татко кој што пред петнаесетина години ми купи едно CD со Rock музика а тоа беше албумот Brothers in Arms од групата Dire Straits а омилена песна од тој албум ми е Money For Nothing.

– Албум: Brothers in Arms oд Dire Straits , Песна: Money For Nothing ( Eдноставно сакам Rock музика).

miso-spasovski

#Коментари