вторник, 28 февруари 2017  |  Вести денес: 54

Леа Таќи: Ги сакам работите кои ме потсетуваат на детството

leana-5

Леана, ќерката на Гранит Таќи пејачот на Лева Патика, бендот кој на музичката сцена делуваше во 70-тите и 80-ите години на минатиот век кога настана и култната Неправда, денеска е и самата успешна пејачка и пред се реализирана како човек. Леа Таќи е позната по клупските свирки во повеќе состави, а беше и дел од бендот Ај Кју. Кариерата ја продолжи во соло водите, но постојано е активна и како дел од некоја соработка и успешен проект, во разни формации.

Омилена книга:

Кога читам, најчесто тоа е некаква стручна литература – за тоа што ми треба за работа (маркетинг или односи со јавност), или пак од задоволство, книги за спорт и исхрана. Но ако морам да издвојам една неповторлива книга на која секогаш се навраќам, тоа секако ќе биде The Hithchiker’s Guide to the Galaxy (Автостоперски водич низ галаксијата).

Омилен филм:

Повеќе омилени филмови имав во детството, сега гледам серии. Сепак, голем љубител сум и на филмови и се трудам да одам во кино барем еднаш во неделата. Во детството омилен филм ми беше Терминатор 2.

Омилен изведувач:

Омилен изведувач во денешно време ми е Dave Grohl од Foo Fighters. Ја обожавам секоја песна што некогаш ја има напишано и гледам чиста генијалност зад неговите текстови и музика. Во последниве години има направено и два музички документарни филмови, во кои често наоѓам инспирација.

Омилена песна:

Уште од средината на 90-тите години, моја омилена песна е I Will Remember од бендот Toto. Ме потсетува на детството, на драги луѓе и настани кои ми поминале низ животот и некако едноставно никогаш ми нема излезено од мода.

Интервјуто со Леа можете да го причитата ТУКА >>>>

#Коментари

Коментари

коментари