петок, 28 април 2017  |  Вести денес: 81

Бесплатен фитнес, зумба и аеробик за скопјани

Град Скопје продолжува со релизација на проектот „Бесплатен фитнес за граѓаните на Скопје“ под мотото „Вежбаме, здрави сме“ со цел подобрување на здравствената состојба на граѓаните на Скопје. Бесплатениот фитнес се реализира во соработка со велнес тренерите од здружението на граѓани Студио Актива.

plaza park

Денеска вежбањето ќе се одржи во Градски парк партер 1 – на просторот пред „Школка“, додека редовните термини во иднина ќе бидат два пати во неделата секоја среда и сабота со почеток од 18:30 часот, на Градската плажа „Парк“.

Сите заинтересирани граѓани на Скопје, во дадените термини, бесплатно ќе можат да вежбаат фитнес, зумба, аеробик и милитари тренинг на кејот до ракометарското игралиште на песок при Градска плажа „Парк“.

#Коментари