среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 21

Рибарска среќа

Копаме некња септичка јама на плацот од викендицата  кај другар ми Кире -„Келешот“, и доека така увалени до гуша  у тоа рупата за будуќиот санитарен чвор ги џиткаме задњите лопати земја, паѓа муабет да се иде на кампирање иднава недела за тоа викендот шо претстои.

vesti2012-jul-takmicenje_rostilj

И доека едни заговараат јагне на ражењ, други  навијаат за скара поплочена со пушени кобасици, ќебап  и плескаици,  ја право да ти кажам брат глеам како да му ја скубнам од таа шема, јер преку Тасета ми е понављање фамилијарни веселби у природа, у кои највеќе  весеље е уствари ждерењето димљени месни продукти и локање „Скопско“ со шурата, доека могуќноста за посветуење на фамилијата ти е сведена на распалуење на ќумурот у тоа роштиљот, и фудбал на мали голчиња со тоа копиљаната на другарите! А кај би киднал, да не бидам санкциониран од дома, ако не по риба на Велешко.

sdc10565copy

Него, коа сме више кај тоа рибата, мене ми текнуе у убаите времиња коа со Цане – „Црвот“, со бицикли, уште у црни ноќи идевме да пецаме Клен. Искачаме ние така сабајлето  еден убав сунчан мај, тихо, као лопови на прсти да не ја разбудиме у комшии Верка -„Вештерката“, јер, а нејзе ја видиш, гарант те убија малер… А, ако си малку по к’сметлија… Бога ми, може да те убије и струја! Као у случајот на Лазо – „Лауда“,  коа фрлајќи на Црна, закачил у некој далековод со врвот на  тоа графитната трска од 5 метара шо му ја прати брат му од Шведска.

Screenshot_38Откоа така испржен ко Клен едвај го повратија од тоа електрошокот –  цирка 20.000 у волтима, више риба не моеше да смисли ни у тањир. На два пути дома го враќаа со полиција, откоа претходно со болничко комбе го носеа у Бардовци, јер, еднаш у Трговски, на жената шо шитка Скалари, Караси, и остали украсни  рипки у тоа пет шопот  и влегол у дуќан и и истурил солна киселина у аквариумот,  доека друг пут, со камења го запукал тоа излогот на рибарницата на Зелено пазарче.

izlog-zlacana-ribica

Него, пребацуеме ние тоа сабајле торбите на рамо, стааме трските на багажник, точаците под г’з, и правац Велешко. И таман дојдовме негде до Катланово, коа „Црвот“ стиска контра на тоа педаљите и кочи у место. Застануем и ја по него да видам шо е, а он корне пцуе, јер тек сеа се сетил дека тоа удичињата шо некња специјално ги купивме за вадење Клен, ги забраил дома.  Мене “змија ме изеде“. Нешто ме пресече као со нож, јер одма знаев: Сто посто сабајлево налетал на „Вештерката“, само шо изглеа неќеше одма да ми каже! Али јеби га, то је што је – нема назад.

tumblr_lyge03SYyk1qjnysio1_500

И откоа након два сата веслање  така папсани стигаме негде пред Велешко,  на тоа путот глеам две плави цуцлиња, натоварени со ранци на грб и на нив закачени вреќи за спиење, како стопираат. Културно ги поздравуеме, ја со:  „Гутен морген мајне дамен“, а „Црвот“ со климање со глава. Ја као експерт за јазици,  одма укапируем дека рибиве се Швабици, шо путујат ауто – стоп на море према Грчка. Ја зиам тоа ауто – картата и уз осмех им потврдуем дека се на прав пут, а успут пред да продужат, им нудам малце со нас да седнат, да се одморат и опуштат уз пецање.

1

А пошто на таквите не треба два пути да им се каже, јер ти и викаш седи – она легне, ги седнавме на тоа рамот од точаците и се спуштаме поред езеро. За пар минути праиме друштвена поделба на трудот и доека они го подигаа тоа шаторчето и палеа огин, ја и „Црвот“ го ловевме ручекот. За дивно чудо, ептен ни тргна. Работава испадна:  фрли – вади!

Screenshot_33

И откоа добро се накркавме, онака поднапиени шо од тоа „шнапсот“, шо од „Т’гата за југ“,  сите четворица, трк у езеро, сосве алишта  на бањање. А, после тоа, така мокри, пиштол голи и начукани, ѓутуре упаѓање у шатор и се знае… кого фатам – не жалам! И тоа со сите нишани, до рано у зори! А, тоа шо након ден – два испадна: „Не зори зоро… и пијан у оро друг пут не се фаќај“,  е друга работа. Јер: „Да зна зора, не би рујна сванула“… али, оваа  свана некако.

images (2)

Другото сабајле, откоа  прво ручно свиткавме по еден чуден тутун и го исчуривме уз филџан филтер кафе од термус, они си го спакуваа тоа шаторчето и вреќите, ние точаците и трските и културно ги испративме до ауто пут, раздвајајќи се од нив, уз обострана размена на пољупци и адреси. Ене ми ја, уште ја иам дома. Она мене: Фрау Хелена Рубинштајн, Герд Милер Штрасе, номер 9, Баерн – Минхен, Бундес Републик оф Дојчланд, а ја нејзе: Г-дин Благој Попов, ул. Дарко Панчев бр.9, кеј ФК Вардар -Скопје, СФР Југославија!

Screenshot_31А, тоа шо ја после морав да се тасмосам као млада анама због извесни минијатурни бубачиња, доека „Црвот“ од тоа „чепот“ капеше као расипана чешма, па 10 дена го скапаа од боцкање со Пеницилини… За све тоа е крива „Вештерката“, да му ибам тоа малерот и рибарската среќа, кај ја сретна тоа сабајле, кај се заеба?!

 

#Коментари