сабота, 23 септември 2017  |  Вести денес: 34

Манекенот Никола Настески: Во рајот е убаво, ама во пеколот е екипата!

Манекенот Никола Настески – Лестер кој македонската јавност го гледаше во многу видео записи, веќе некое време престојува надвор од Македонија каде професионално се занимава со фотомоделство и работи за големи светски дизајнери.

nikola nasteski

Лестер ја даде својата лична препорака за книга, филм и изведувач по свој вкус, за читателите на Вистина.мк.

Книга: Пеколот од Данте Алигери. Ме воодушеви оваа книга зошто преку неа ги гледаме големините на нашите гревови и колку треба да се плаќа за тие гревови кои во моментот додека ги правиме и не изгледаат толку големи. Само заклучокот мој е: Да во рајот е убаво, ама во пеколот е екипата.

nikola nasteski 2

Филм: Најомилен филм ми е Булит, од овој филм е и мојот прекар Лестер. Во главна улога е Мики Рурк, а исто така во него глумат 2 пак Адриан Броди и Јохн Енос-Лестер. Од тој филм се воодушевив зошто тие луѓе си живеат на начинот на кој што мислат дека треба да живеат и многу брзо решаваат дека правилата се направени за да се рушат.

nikola nasteski 3

Изведувач: За мене Тоше Проески ќе остане за секогаш изведувач број еден. Сум пораснал со неговите песни, многу сум научил од неговите текстови и најважно што наоѓам мир додека ги слушам тие песни кога сум далеку од моите најблиски како сега, со тие песни барем малку имам чувство дека сум си дома. Чија си ми е една од најомилените

#Коментари