сабота, 21 јануари 2017  |  Вести денес: 9

Боб Дилан: „Hurricane“ – песна посветена на боксерот Рубин „Ураган“ Картер

Поранешниот американски боксер Рубин „Ураган“ Картер, кој невин помина 19 години во затвор, почина во 76-та година од рак на простата. Нему Боб Дилан му го посвети својот истоимен сингл, а во 1999 година на филмското платно во филм го овековечил Дензел Вашинготн која за улогата доби Златен глобус и номинација за Оскар.

carter-dylan-650-1

Картер во професионалната кариера одработил 40 борби во средна категорија. Остварил 27 победи, 12 порази и еден нерешен меч, се борел и за светски наслов, но никогаш не го освоил појасот.

Кариерата нагло му беше прекината во 1966 година кога завршил во затвор под сомнеж дека убил тројца белци, а осуден е една година подоцна, по скандалозното судење кое покажа колку во тоа време Америка беше расно поделена држава.

На повторното судење во 1976 година потврдена му е пресудата и тоа во главно врз основа на сведочењето на двајца криминалци коишто подоцна ја повлекле својата приказна. Картер е ослободен во 1985 година по бројни жалби и силен јавен притисок.

По пуштањето до затвор, Картер се преселил во Торонто каде работел како директор на Здружението за одбрана на погрешно осудените.

#Коментари

Коментари

коментари