Љубов и Секс

8 работи кои треба да ги знаете за оргазмите во сон

8 работи кои треба да ги знаете за оргазмите во сон

Сметајте ги оргазмите во сон за дар од боговите!

Жените можат да доживеат оргазам во сон практично во секое време

Влажните сонови не се резервирани само за време на пубертетот. Едно истражување направено во 1986 година од страна на „Научното списание за сексуални истражувања“ открило дека 37% од жените кои учествувале во истражувањето искусиле оргазам во сон. Имајте на ум дека ова е само мало истражување во 80тите, а процентот не треба да се занемари.

Кога сонувате во фазата од сонот позната како РЕМ фаза, импулсите во вашето тело можат периодично да влеат повеќе крв во вашиот гениталенпредел, исто како кога сте возбудени. Понекогаш овој зголемен проток на крв резултира со оргазам. Ова е женската верзија на влажен сон. Дури и не мора да имате еротски слики во глава кога се случува ова.

Кај момците поголема е веројатноста да доживеат оргазам во сон кога не се сексуално активни

Влажните сонови се почести за време на пубертетот и адолесценцијата, пред момците редовно да мастурбираат или да имаат редовен секс. Но сосема е веројатно оргазмот во сон да се јави и кај постари мажи.

Мажите доживуваат многу ерекции во текот на ноќта кои не завршуваат со оргазам

Истражувањата покажуваат дека мажите имаат повеќекратки ерекции за време на ноќта, понекогаш тоа се целосни ерекции а понекогаш се делумни. Ова не значи дека цела вечер тие имаат секс во сонот, туку дека протокот на крв во пенисот се зголемува и намалува.

За некои луѓе полесно е да доживеат оргазам во сон отколку на јаве

Постојат жени кои не можат да доживеат оргазам со партнерот или додека мастурбираат, но можат да доживеат оргазам во сон. Објаснувањето може да лежи во тоа што сексуалните сонови вообичаено се ослободени од дистракции, стрес и анксиозност, кои се некои од нештата кои можат да ја попречат способноста да се доживее оргазам. Тука сте само вие, само вашиот ум и вашето тело кои водат љубов… со вас.

Сексуалните сонови се случуваат, иако вие не се сеќавате на нив

Можеби имате сексуален сон прво, па потоа искусувате поголем проток на крв во гениталниот предел, што потоа резултира со ерекција кај мажите или возбуда кај жените, или оргазам. Или пак се случува токму обратното: зголемениот проток на крв всушност ги поттикнува сексуалните сонови, што понекогаш може да доведе до оргазам. Истражувачите не се сосема сигурни што се случува. Но дури и ако се разбудите во сред оргазам и не се сеќавате на сонот, веројатно бил од сексуална природа.

Некои пози на спиење полесно можат да ве доведат до сексуални сонови… и оргазам во сон

Едно истражување од објавено во 2012 г. во списанието „Сонување“ открило дека спиењето на стомак се поврзува со поинтензивни сонови, како оние сексуалните, или пак сон во кој сте врзани, или не можете да дишите и сл. Тоа има смисла, бидејќи оваа поза овозможува поголем контакт на вашиот кревет и клиторисот/пенисот/пубичната коска, што може да предизвика возбуда.

Доживувањето оргазам во сон е сосема нормално и супер

Ова е како подарок од вашиот мозок. Тоа е само знак дека вашето либидо и вашите еротски фантазии работат како што треба. Никогаш не треба да се чувствувате виновни или чудно во врска со нив, дури и ако соновите кои ги имате ве изненадуваат. Соновите се симболични, тие не значат дека дефинитивно сакате да имате секс со вашиот поранешен партнер, вашиот колега или момчето што работи во продавницата од каде што купувате леб.

Но не се чувтствувајте како да мора да имате вакви оргазми

Исто како и свесните оргазми, и оргазмите во сон ќе се случат кога и ако се случат, а ако се обидувате да достигнете ваков оргазам со сила, веројатно нема да се случи. Можете да се обидете да мислите на секси работи пред да заспиете, да спиете на стомак или да заспивате со секси плејлиста, но не постои вистински начин кој ќе ви гарантира оргазам во сон. Но не грижете се, оставете ги работите да се случуваат по природниот тек. А ако веќе ви се случи уживајте во него.

извор:боза.мк