Љубов и Секс

Ако партнерот има некој од овие 4 вида на „гордост“, долго ќе го памтите сексот

Ако партнерот има некој од овие 4 вида на „гордост“, долго ќе го памтите сексот

Кога станува збор за големината на пенисот, ставовите се поделени – некои мислат дека што  поголем тоа подобро, други дека преголем пенис е носи болка, а трети дека отровот се држи во мали шишенца.

Секој има своја преференција, но факт е дека пенисите можат да се поделат во 4 категории и секој од нив функционира на различен начин.

БУРИТО

Кога ќе помислите на бурито, помислувате на огромно парче тортиља и месо. Дечкото со ваков вид на пенис така и го презентира, презадоволен од себе, додека партнерката во шок го гледа и се прашува дали ќе ја преживее таа средба.

Добри страни: Ќе ги стимулира баш сите точки во интимниот регион.

Лоши страни: Момците со голем пенис обично се многу горди на него и поагресивни од тоа што може да си дозволат да бидат,па често сексот од уживање прераснува во болка.

 

БАНАНА

Ова е тип на пенис поради кој многу мажи непотребно патат.

Добри страни: Баш затоа што е закривен, постојано го стимулира горниот ѕид на вагината каде што и се наоѓа Г-точката, па можат да причинат неверојатно добар оргазам, под услов да знаат што прават.

Лоши страни: Многу често се искомплексирани поради закривеноста,па не знаат оваа „маана“ да ја претворат во предност.

 

КУКА

Како и бананата и куката е накривена, но наместо нагоре таа е накривена надоле.

Добри страни: Кучешката поза со оваков пенис е неверојатна, бидејќи под тој агол ја удира Г-точката.

Лоши страни: Со оваков тип на пенис не се препорачува мисионерска поза. Како и да пробате да ја изведете, нема да успее.

 

ЏЕПНА РАКЕТА

Можеби е мала, но не е за потценување.

Добра страна: Мажите со помали пениси најчесто се свесни за својот недостаток, па затоа имаат усовршено и други техники за приредување на задоволство, како што е оралниот секс. Со оваков пенис најдобри се мисионерската и кучешката поза.

Лоши страни: Која друга поза да ја пробате постои голема шанса пенисот постојано да испаѓа, па на крајот и двајцата ќе се уморите.

извор:боза.мк