Љубов и Секс

Што се ќе ви каже за да дојде до секс?

Што се ќе ви каже за да дојде до секс?

Мажите се сеуште оние на кои им се брза кога е во прашање сексот и не им пречи понекогаш да искористат некоја лага за да однесат девојка во кревет. Ова се најчестите:

 

„Ти само биди мирна, јас ќе те мазам“, речиси и да е сигурна карта за секс. Повеќето жени ќе возвратат со мазење, а потоа следниот чекор е секс.

„Само ќе се прегрнуваме“, се често изговарани зборови од мажите, кои сметаат дека жените ќе се растопат после малку нежност, а нивното „не“ ќе се претвори во „да“.

„Ќе го ставам само малку“, а сигурно е дека нема. Во неговата глава „само малку“ не се смета како секс, а се надева дека и жените така ќе размислуваат. Ако жената се согласи, јасно му е дека добил зелено светло.

„Сакам жени кои се сигурни во себе кога станува збор за секс“, е изјавата со која мажот нема да мисли дека жената е лесна затоа што спие со него на прв состанок. Напротив, таа е само сигурна во себе и во својата сексуалност. Глупаво е да се чека, уверува тој, но откако ќе го добие она што го сака, постои шанса да престане да му биде интересна.