Љубов и Секс

Зошто не треба да му се вратите на оној кој ве изневерил?

Зошто не треба да му се вратите на оној кој ве изневерил?

Ретко кој не бил изневерен, или барем знае некој кој бил изневерен или изневерил некого. Со тоа што изневерувањето станува се почесто, многумина се обидуваат да им простат на своите неверни партнери со цел да ја одржат врската. 

Понекогаш ова успева, и двајцата продолжуваат среќно да бидат заедно бидејќи изневерувањето навистина било грешка, или производ на одредена ситуација, и никогаш повеќе не се повторило. Сепак, ова сценарио е исклучок од правилото, и покрај тоа што ова е надежта на сите кои некогаш биле изневерени.

Остатокот пак им простуваат на своите партнери, и покрај тоа што знаат дека ги очекува врска која е осудена на пропаст. Ако се најдете во ваква ситуација и се двоумите што да направите, можеби овие причини ќе ви помогнат да донесе одлука што да правите со неверниот партнер.

Секогаш им е жал, но не доволно

Размислете за ова. Луѓето кои изневеруваат и се извинуваат многу често – повторно ја прават истата грешка кога-тогаш. Ова е вистина посебно ако оној кој изневерил не се издаде сам, тогаш тоа значи дека не му е доволно жал и не е доволно храбар за да ја каже вистината. Како на пример реченицата “Би ти кажал, но не сакав да те повредам”.

Никогаш повеќе нема да ја имате истата доверба

Без разлика која и да е причината што ве изневериле, тоа ќе ви држи вода многу долго, а можеби и засекогаш. Посебно ако ја познавате другата личност, многу тешко ќе ви биде да ја пребродите целата ситуација.

Не ве сакаат доволно

Ова можеби е наједноставната причина да не им се вратите, но и најтешката да ја прифатите. Личноста која ве изневерила не ве сака доволно за да ви остане верна, без разлика што точно се наоѓа на нивната листа на причини.

Обично повторно ја повторуваат грешката

Ако останете со оној кој ве изневерил, нема да постигнете ништо друго освен да им оставите порака дека тоа што го направиле и не е толку лошо.

Направил да се чувствувате многу лошо

Тоа е тоа што го прави изневерувањето толку нефер и тешко да се преброди.

Врската ќе биде небалансирана

Тој баланс веројатно нема никогаш да се врати, без разлика што ќе ви ветат.

Ако некој ве изневерил, не вреди да ја продолжите врската затоа што не го заслужува вашето внимание и време.

извор:боза.мк