Мегафон
Продолжение на авантуристичката класика

“Џуманџи: Добредојдовте во џунглата” заработи 100 милиони долари

“Џуманџи: Добредојдовте во џунглата” заработи 100 милиони долари

Понекогаш имаме желба да играме некоја друштвена игра, но Џуманџи не е игра која би ја играле ние – тоа е играта која се игра со нас! Светот за прв пат се запозна со Џуманџи во 1995 година во истоимениот филмски хит кој во благајните на кино салите заработи преку 260 милиони долари, каде главна улога играше незборавниот Робин Вилијамс.

22 години подоцна пристигна новата верзија на игра во авантуристичкиот спектакл “Џуманџи: Добредојдовте во џунглата”.

Кога четири средношколци ќе ја откријат старата видео игра за која претходно никогаш не чуле, влегуваат во забавниот свет на џунглата и стануваат аватари по сопствен избор. За да ја победат играта и да се вратат во реалниот свет, мораат да ја преживеат најопасната авантура во својот живот или ќе останат засекогаш во играта.

Авантуристичкиот филм Џуманџи е продолжение на класиката од 1995 година, во кој овој пат во главни улоги се најдоа Двејн Џонсон, Џек Блек, Кевин Харт и Керен Гилан. Режисер на филмот е Џејк Касдан, кој заедно со глумците му го посветуваат филмот на починатиот глумец Робин Вилијамс.

Според одличната акција, фантастичната актерска екипа и врвната музика, несомнено е дека нè очекува вистински авантуристички спектакл. Филмот заработи преку 100 милиони долари во првата седмица кога се прикажуваше во кино салите.

извор:точка.мк