Мегафон

(ФОТО) Ова се финалистите: Тијана на врвот во ТЛЗП!

(ФОТО) Ова се финалистите: Тијана на врвот во ТЛЗП!

По три месеци фасцинантни имитации во четвртата сезона на популарното регионално шоу со хуманитарен карактер „Твоето лице звучи познато“, вчеравечер во живо се одржа полуфиналната емисија во која беа избрани петте финалисти кои ќе се натпреваруваат во последната финална емисија.

Победник на оваа епизода беше Баде Видаковиќ, но него сепак нема да го гледаме во финале.

Гага Мичаловиќ ја имаше улогата на Луз Касал, Едита Арадиновиќ како Еми Ли, Тијана беше Пинк, Стеван и Леон првин беа Ники Минаж и Аријана Гранде, а потоа Imegine Dragonis и Кендрик Ламар, следниот викенд ќе ни се претстават со своите финални настапи.

Тоа значи дека од шоуто испаднаа: Бане Видаковиќ, Мира Шкориќ, Беби Дол, Бранислав Лечиќ и Ненад Пагонис.

Имено, следната последна епизода ќе биде одлучувачка, а победникот ќе однесе награда од 25 илјади евра.

За време на гласањето од сите досегашни емисии, како и гласањето на публиката, нашата Тијана Дапчевиќ убедливо го држи врвот.