Мегафон
И овој зимски распуст

„Кино утро“ за најмладите во Кинотека на Македонија

„Кино утро“ за најмладите во Кинотека на Македонија

Кинотеката на Македонија и овој зимски распуст за најмладите ќе ја организира филмската програма „Кино утро“ од денеска до 20 јануари.

Започна со филмот „Мравко“  – приказна за 12-годишниот Пеле кој откако е каснат од мравка добива моќ и се претвора во суперхерој Мравко. Филмот е синхронизиран на македонски и ќе биде прикажан и на 15 јануари.

Во среда и на 16 јануари на програмата е анимираниот „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, на 11-ти и 17 јануари – „Малите виленици Пикси“, на 12-ти и 18 јануари – „Мармадјук“ и на 13-ти и 20 јануари – филмот „Змејска топка 2“.

извор:cooltura.mk